2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот на деловен простор во Европа забележа еден од најсилните квартали

Пазарот на деловен простор во Европа забележа еден од најсилните квартали

kancelarija 393

Обемот на инвестициите во деловен простор во Европа достигна 50,7 милијарди евра во првото тримесечје на годината, покажуваат податоците на консултантската компанија „CBRE“.

Обемот на инвестициите во секторот е прилично над 10-годишното средно ниво од 43 милијарди евра. Кварталот е третиот најдобро прикажан некогаш, а само првите три месеци на 2007-ма и 2015-та година биле посилни, наведува компанијата.

Најсилен раст на инвестициите е забележан во Финска – повеќе од 3 пати на годишно ниво до 1,8 милијарди евра. Тоа е и најдоброто прво тримесечје за пазарот на деловен простор во земјата од 2008-ма година, покажуваат податоците на компанијата.

Обемот на инвестиции во деловен простор во Холандија забележа раст од 75 отсто до 2,1 милијарди евра, во Португалија зголемувањето достигнува 2,5 пати, а во Белгија – 31%, покажуваат уште податоците.

Иако е зафатена од криза и тешка рецесија, обемот на инвестициите во деловен простор во Русија одбележува 177% раст во првиот квартал. Главен двигател на активноста се локалните инвеститори, привлечени од најатрактивните цени.

Истовремено расположението на инвеститорите на клучните европски пазари – Велика Британија, Германија и Франција, се малку попречени најмногу поради претстојниот референдум на Островот за членството во Европската унија.

Што се однесува до одделните сегменти од пазарот на деловен простор во Европа, индустрискиот имот предвиде рекорден квартал со зафатнина од 5,8 милијарди евра – со 57 отсто повеќе во однос на првите три месеци од минатата година.

Инвестициите во индустриски имот достигнуваат 11,5% од вкупниот обем инвестиции во деловен простор во Европа за периодот, покажуваат податоците на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП