2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на довербата на руските потрошувачи

Пад на довербата на руските потрошувачи

moskva 2839

Индексот на потрошувачката доверба во Русија во првиот квартал ова година падна на 63 поени, што е најниско ниво од почетокот на мерењето на овие податоци во 2005 година.

Во истиот период минатата година, овој индекс беше на 72 поени, пренесува Танјуг.

Според податоците на меѓународната истражувачка компанија Нилсен, бројката на луѓе што имаат заштеда е на рекордно ниско ниво по покривањето на основните животни потреби и сметки.

Истовремено, процентот на Руси што биле принудени да ја поткастрат потрошувачката порасна на 78 отсто во првото тромесечје оваа година.

Дури 59 отсто од руските граѓани се воздржува од трошење на пари на забавни содржини, а 61 отсто од нив го одложува купувањето на нова облека.

Според податоците на Нилсен, 52 отсто од Русите преминале на купување на поевтини прехранбени продукти.

Со оглед на фактот дека Русија и натаму е во економска рецесија, реалните плати на Русите минатата година паднале 9,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП