2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на кинескиот увоз и извоз

Пад на кинескиот увоз и извоз

kina ekonomija 3536

Кинескиот извоз е понизок два отсто во април во однос на истиот месец минатата година, покажуваат новите податоци на кинеските власти.

Покрај извозот, Кина бележи и пад на увозот од 11 отсто во однос на април минатата година.

Стручњаците многу се загрижени заради тоа што кинеската економија бележи постојан пад на извозот.

Од десет месеци, пад на извозот е забележан во последните девет.

Кина во моментот има најбавен раст во последните 25 години.

Увозот паѓа постојано во последните 18 месеци што покажува дека домашниот пазар е слаб и дека не покажува знаци на закрепнување.

Кина бележи пад на извозот на двата најбитни пазари, вклучувајќи ја и САД, каде што е забележан пад од 9,3 отсто и Европската унија (ЕУ), каде што падот изнесува 3,2 отсто.

Вредноста на кинескиот извоз во април беше 173 милијарди долари, а увозот изнесуваше 146 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП