2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 9 месеци најбрз раст на новите нарачки во германското производство

По 9 месеци најбрз раст на новите нарачки во германското производство

prode 333

Новите фабрички нарачки во германскиот производствен сектор расте со 1,9% на месечна основа во март, покажуваат сезонски прилагодените податоци на федералната служба за статистика „Destatis“.

Тоа е најбрз раст од јуни 2015-та година.

Вредноста за февруари е ревидирана во нагорна насока, а падот е 0,8%, а не 1,2%, како што првично беше соопштено.

Новите индустриски нарачки без големите нарачки во производствениот сектор се намалуваат во март за 0,6% во однос на февруари оваа година.

Во третиот месец од годината, нарачките од Германија се намалуваат за 1,2%, а оние од странство се зголемуваат за 4,3 отсто. Новите нарачки од еврозоната растат со 1,1%, а од други земји со 6,2 отсто.

При средна стока има пад од 1,2%, а кај капиталните има раст од 4 проценти. Забележан е раст на нарачките на стока за широка потрошувачка за 1,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП