5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПримопредавање на командата на Здружената оперативна команда на АРМ

Примопредавање на командата на Здружената оперативна команда на АРМ

voena-svechenost

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец во понеделеникот во 11 часот ќе биде извршено примопредавање на должноста командант на воздухопловната бригада (вбр) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на Армијата на Република Македонија (АРМ).

Командувањето со восдухопловната бригада, досегашниот командант полковник Кире Колевски кој е на чело на оваа единица од 2008 година, ќе му го предаде на полковник Роберт Малезански кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на единицата.

Воздухопловната бригада е формирана на 10-ти април 1992 година со одлука на Претседателот на Република Македонија како команда на противвоздушната одбрана и военото воздухопловство (ПВО и ВВ). Во 2005 година со трансформацијата на АРМ, воздухопловната бригада се трансформира во воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група), а од 2012 година повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружената оперативна команда.

На свеченоста се очекува да присуствуваат министерот за одбрана, Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, генерали од АРМ, команданти на единици од АРМ, високи гости од Министерството за одбрана и Генералштабот, претставници од локалните самоуправи и организации со кои соработува оваа единица.

Согласно Правилото за воен протокол, по соопштување на наредбите за поставување, пред присутните ќе следат пригодни говори од страна на командантот на ЗОК генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, досегашниот и ново назначениот командант, а на крај од свеченоста на церемонијален начин ќе се изврши предавање на военото знаме на единицата на новоназначениот командант на единицата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП