30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп има намера да ги зголеми даноците за богатите

Трамп има намера да ги зголеми даноците за богатите

tramp-danoci

Милијардерот Доналд Трамп, кој остана единствениот кандидат на Републиканската партија за ноемвриските претседателски избори во САД, доколку биде избран за Белата куќа има намера да ги зголеми даноците за најбогатите слоеви од населението, отстапувајќи од претходните предлози за намалување на даноците за сите Американци.

„Кога станува збор за богатите, сметам дека оданочувањето треба сериозно да се зголеми“, истакна Трамп во интервјуто за телевизиската мрежа NBC. Притоа додаде дека реформите кои ги предлага во голема мера ќе ги намалат даноците за средната класа.

Милијардерот не исклучи дека неговиот план може да претрпи измени во текот на расправата во Конгресот. Сепак, Трамп уверува дека кога станува збор за преговорите со законодавците тој „ќе биде во помала мера загрижен за богатите, отколку за средната класа“.

Исто така, нагласи и дека се залага за зголемување на сегашниот минимален надомест за час работа која на сојузно ниво во САД изнесува 7,25 долар. „Не знам како може да се живее со толку пари“, рече Трамп изразувајќи увереност дека прашањето за зголемувањето на минималната сатница треба да се решава на ниво на секоја сојузна држава.

Слични ставови Трамп изрази во неделата и во настапот во емисијата „This Week“ на телевизиската мрежа ABC, велејќи дека приоритет ќе му биде намалувањето на даноците на работењето и за средната класа, а не помагање на богатите.

„Сакам да платам повеќе, и вие тоа го знаете, богатите сакаат да платат повеќе“, рече милијардерот.

Според магазинот Forbes, богатството на Доналд Трамп е проценето на над 4 милијарди долари, но самиот тој ели дека неговиот капитал надминува 10 милијарди американски долари.

Кога станува збор за минималната плата, Трамп на забелешката дека претходно истапуваше против подигнувањето на минималната плата рече „Не сум решил уште во смисла на конкретни бројки. Но сметам дека луѓето мора да заработуваат повеќе“.

Запрашан зошто го променил мислењето, њујоршкиот „крал на недвижнините“ одговори „Дозволено ми е да се менувам. Траба да се биде пофлексибилен“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП