22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа изложба сликите конфискувани од калабриски мафијаш

На изложба сликите конфискувани од калабриски мафијаш

mafi-izlo

Стотина слики, меѓу кои и две на славниот Дали, кои му припаѓале на мафијашкиот кум од Реџо Калабрија, град во истоимената италијанската покраина, се изложени откако ги конфискуваше тамошното правосудство, и треба да ја симболизира „победата на државата“ над организираниот криминал.

„Не беше лесно да се организира оваа изложба, но денеска можеме да кажеме дека државата победи“, изјави помошникот на градоначалникот задолжен за култура во Реџо Калабрија на крајниот југ од „апенинската чизма“ наспроти Сицилија, Едуардо Ламберти Кастрoнуово.

Откако во саботата ја благослови надбискупот на Реџо Калабрија во присуство на цивилните, воените и судските власти на покраината, тамошниот Дворец на културата сега ја поседува колекцијата наречена „Од сенка до светлина“, која меѓу другите содржи и две слики на Салвадор Дали и една на Џорџо де Чирико.

До 2010 година овие слики, како и други дела на италијански современи сликари, му припаѓале на 77-годишниот Џоакино Камполо, наречен „кралот на видеопокерот“, денес во домашен притвор во очекување на конечната судска одлука по пресудата на 16 години затвор поради здружување со криминалци и изнудување.

Камполо се збогатил на апарати за коцкање, поставени низ цела Италија, а кои однапред ги штелувал.

„Неговиот имот изнесуваше 320 милиони евра. Поседуваше куќи во Париз, Рим и речиси во целата покраина Реџо Калабрија“, појасни Кастронуово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП