2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКениска доминација на Скопскиот маратон

Кениска доминација на Скопскиот маратон

keniska-dominacija

Атлетичарите од Кенија, во машка и во женска конкуренција, доминираа на 12-то издание на „Виз Ер Скопски маратон“, кој во неделата се трчаше низ скопските улици.

Кипротич Кируи победи во машка конкуренција пред четворица свои сонародници, додека во женска конкуренција победи Гледис Џепкуруи Бивот, пред Шеваје Гемечу Дебелу д Етопија.

Кируи во целта пристигна со време 2: 12.36 часа, што за две минути беше побрзо од резултатото на вторпласираниот Ричард Кипроно Бет. Трет заврши Едвин Кирпуто Кирава (2:15.08 часа), а кенискиот квинтет на врвот го комплетираа Вајклиф Бивот, кој во Скопје победи пред три годни (2:19.07 часа) и Силас Кипроно (2:19.07 часа).

Гледис Бивот, која победи во женска конкуренција оствари резултат 2:40.10 часа, што за пет и пол минути беше побрзо од времето на Дебелу (2:45.35). Трета на целта стигна Фабиола Џон вилијам од Танзанија (2:49.13).

Од македонските натпреварувачи, во машка конкуренција најдобар беше Александар Кираџиев, а седмото место во женска конкуренција го освои Весна Кираџиева.

На полумаратонската трка од 21.километар во машка конкуренција триумфираше Албанецот Илир Келези со време 1:10.18 час, втор беше Македонецот Дарио Ивановски со време 1:11.14, а трет Србинот Кристијан Стошиќ, кој ја истрча патеката за 1:14.35 часа.

Во женска конкуренција најбрза беше Србинката Даниела Бараќ (1:27.39), пред сонародничката Снежана Милошевиќ (1:32.23), а третотo место и припадна на нашата натпреварувачка Адријана Поп Арсова со време 1:36.54 часа.

На пет километри во женска конкуренција победија Рената Соколовска, и Суад Крејзиу во машка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП