3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар ќе ги реконструира коловозот и тротоарите на улицата Апостол Гусларот

Општина Центар ќе ги реконструира коловозот и тротоарите на улицата Апостол Гусларот

guslar

Скопската Општина Центар ќе ја реконструира улицата „Апостол Гусларот“ во Буњаковец,  која беше во катастрофално лоша состојба, а граѓаните со години реагираат на ударните дупки и оштетените ивичници.

Улицата беше небезбедна и за граѓаните, но и за учениците, бидејќи тука се наоѓа основното училиште „Ј.Х. Песталоци“. Општинските власти ја започнаа реконструкцијата на коловозот и ивичниците на улицата, во должина од 180 метри, на потег од улицата „Стефан Јакимов Дедов“ до „Никола Тримпаре“.

На најоштетениот дел од улицата целосно ќе се вади подлогата и ќе се става два тона асфалт, а во другиот дел ќе се гребе постојниот и ќе се поставува нов асфалт. На руинираните ивичници ќе се постават нови бехатон плочки, со што ќе се овозможи непречено движење на пешаците, а за лицата со посебни потреби – пристапни рампи.

Ова е втора улица која се реконструира во делот на Буњаковец и е во рамките на проектот „Нова пролет – нова офанзива“. „Златко Шнајдер“ е наредната улица која ќе биде реконструирана во овој дел од Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП