31 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки повторно трети во Европа

Вардарки повторно трети во Европа

vardarz

Ракометарките на Вардар повторно го освоија третото место во Лигата на шампионките. Вардар на завршниот турнир во Будипмешта, во „малото финале“ славеше над Будуќност 30:28 (14:16).

Македонските шампионки полесно го преболеа поразот во полуфиналето и во натпревар за престиж славеа над големиот ривал.

Победата „црвено црните“ ја најавија на самиот почеток, отворија со 5-1 и благодарение на голманката Лејно, предноста од четири гола ја одржуваа до 15. минута (8-4).

Лошата реалзиција со ракометарка повеќе и падот на концентрацијата кај македонските ракометарки им овозможија на Црногорките да се вратат во мечот, а во последната минута од првиот дел да стигнат во водство и со предност од два гола да влезат во второто полувреме.

Вардар, преку Пенезиќ, на самиот почеток од вториот период ја анулираше предноста на противникот, но Будуќност бргу ја стабилизирапе играта, заигра поцврсто во одбраната и во 41. минута стигна до максималната предност 18-22.

Во последните 20 минути, тренерскиот двоец на Вардар Кастратовиќ-Камара се реши за 4-2 формација во одбраната, која на крајот им ја донесе победата и третото место на турнирот.

Вардар овој меч го одигра без Лекиќ, Алтхаус играше само во првото полувреме, а Пенезиќ последните 20 минути, кога се решеваше победникот ги преседе на клупата.

Лејно одбрани 14 удари на противничките, Пенезиќ постигна седум, а Радичевиќ шест голови во победата на Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП