9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдно добитно ливче на американска лотарија освои 430 млн долари

Едно добитно ливче на американска лотарија освои 430 млн долари

pow

Еден тикет ги содржи добитните бројки извлечени во саботата навечер на американската лотарија Powerball jackpot, а добивката изнесува точно 429,6 милиони долари и е деветтата најголема сума во историјата на американската лотарија, потврдија организаторите на оваа популарна игра на среќа.

Бројките кои на среќникот му ја носат споменатата вртоглава сума се: 25, 66, 44, 5 и 26, како и дополнителниот 9. Претставниците на лотаријата изјавија дека еден тикет, уплатен во Њу Џерси, ја има добитната комбинација.

Идентитетот на сопственикот на ливчето не е објавен. Добитниците на астрономски суми, вообичаено со месеци не објавуваат во јавноста, а во некои сојузни држави постои и законска обврска да се идентификуваат.

Според правилата, победникот може да ја добива сумата целосно на 29 годишни рати, или да ја подигне веднаш. Во тој случај сумата речиси е двојно помала, несметајќи ги даноците кои се разликуваат од држава до држава.

Можноста за добивка на оваа лотарија е 1 наспроти 292 милиони. Статистичарите велат дека тоа значи дека секој Американец има 25 пати поголеми шанси да стане претседател на САД отколку да ја освои главната премија на Powerball.

Лотаријата Powerball се одржува во 44 сојузни држави, федералниот округ Колумбија, на американските Девствени острови и во Порторико. Цената на лозот изнесува 2 долари, а вкупниот приход од нивната продажба достигнува неколку милијарди долари.

Ова е најголемиот џекпот на американската лотарија, откако во јануари годинава тројца среќници ја поделија рекордната сума од речиси 1,6 милијарди долари.

Претходниот рекорден џекпот во историјата на САД изнесуваше 656 милини долари и беше извлечен во рамките на другата популарна американска лотарија Mega Millions. Тогаш, исто така, добитни беа три лоза чии сопственици ја поделија сумата. Досегашниот рекорден џекпот на Powеrball во износ од 590,5 милиони долари се падна во 2013 година, а среќник беше жител на Флорида.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП