5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталија ja истражува Deutsche Bank за пазарни манипулации

Италија ja истражува Deutsche Bank за пазарни манипулации

db 8888

Обвинителството во Италија ја истражува „Deutsche Bank“ за можна пазарна манипулација во однос на продажбата на италијански државни обврзници за 7 милијарди евра пред пет години, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на извор близок до истрагата.

„Deutsche Bank“ објави дека соработува со италијанските органи. Банката има обезбедено информации на финансиските регулатори на Апенините, но не соопштија детали.

Германската банка има продадено обврзниците во првата половина на 2011-та година, кога Италија западна во должничка криза и падна владата на Силвио Берлускони.

Обвинителството во Трани, јужна Италија, истражува дали германскиот кредитор им рекол на своите клиенти дека има причина за загриженост поради јавниот долг на Италија, а потоа продал речиси 90 отсто од изложеностите кон италијански долг.

Пет поранешни менаџери на „Deutsche Bank“, како и самата банка, се испитуваат за овој случај, наведува изворот на новинската агенција.

Во последните години истиот обвинител започна истрага против агенциите за кредитен рејтинг „Moody’s“, „Standard & Poor’s“ и „Fitch“. Според него извештаите на агенциите за Италија и италијанските банки од времето на кризата доведе до силни загуби за берзата во Милано.

Случајот против „Moody’s“ беше повлечен минатата година, а тоа против „Fitch“ беше преместено во Милано, по што судот во градот исто така го отфрли. Сепак Дејвид Рајли, поранешен шеф на државните рејтингот во „Fitch“, останува обвинет, како и петмина вработени на „Standard & Poor’s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП