17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја повика еврозоната да почне преговори со Грција за ублажување на...

ММФ ја повика еврозоната да почне преговори со Грција за ублажување на долгот

mmf38

Меѓународниот монетарен фонд ги повика владите од еврозоната да започнат преговори за ублажување на долгот со економски разнишаната Грција, потврди портпаролот на ММФ, цитиран од медиумите.

Тој рече дека писмо со ваква содржина било испратено од шефицата на ММФ Кристин Лагард до министрите од 19-те земји од еврозоната. Лагард пишува дека олеснувањето на долгот треба веднаш да биде ставено на масата. Во спротивно продолжувањето на учеството на ММФ во третата спасувачка програма за Грција е под сомнеж.

Атина и нејзините меѓународни кредитори од месеци се обидуваат да се договорат за структурни реформи и мерки за штедење, што ќе и овозможи грчката влада која остана без пари да продолжи да добива финансиска помош. Расте загриженоста дека Грција повторно е на работ на банкрот.

Министрите за финансии од еврозоната ќе имаат специјална средба во понеделник попладне, за да го разгледаат напредокот во преговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП