2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина уште делува 2000-годишен монопол за сол

Во Кина уште делува 2000-годишен монопол за сол

sol 333

Кина планира да го реформира 2000-годишниот државен монопол врз сол, отстранувајќи ја контролата врз цената и трговијата со оваа стока.

Владата ќе продолжи да издава лиценци за производните на сол, но тие ќе можат веќе сами да ги одредуваат цените, обемот на производство и да избираат трговски канали за пласмани на своето производство, најави кинеската влада, цитирана од агенциите.

Во моментов производителите на сол треба да ја продаваат на државните трговски синџири и се контролирани за обемот на производството. Покрај тоа, трговците на големо сега можат да ја продаваат солта само во одредена област. Според новата шема Владата ќе овозможи и влегувањето на странски капитал во сега важечките компании за сол.

Агенција „Ксинхуа“ потсетува дека во Кина има 2000-годишен монопол врз солта, која во античките времиња беше клучен извор за приходи. Владата ќе продолжи да се меша на пазарот, за да не се дозволат „ненормални“ флуктуации на цената на солта, се додава во соопштението на владата. Кабинетот планира да го прошири производството на јодирана сол која помага во борбата со недостигот на јод во човечкиот организам, кој предизвикува здравствени проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП