26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер смета дека бегалската криза е на „пресвртница“

Јункер смета дека бегалската криза е на „пресвртница“

zan-klod-junkerrrrrrrrr-junkererer

Европската миграциска криза е на „пресвртница“ благодарејќи на договорот со Турција кој ги покажува првите позитивни резултати, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во разговорот за Funke Media Group објавен во саботата.

Според договорот со Европската унија, Турција се согласи да ја сопре нелегалната миграција во замена за забрзување на пристапните преговори со ЕУ, визната либерализација и финансиска помош во висина од шест милијарди евра.

Договорот постигнат со Анкара кој стапи на сила во април, како што смета претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, веќе ѝ помага на ЕУ подобро да управува со бранот мигранти.

„Се наоѓаме на пресвртница. Договорот со Турција има ефекти и бројот на мигрантите значително опаѓа“, вели Јункер во интервјуто за Funke Media Group.

Додаде дека сé уште треба да се дојде до одржлив пад во бројот на мигрантите, пред да може да се каже дека кризата минала, истакнувајќи дека договорот ѝ дал на ЕУ „простор за маневрирање“ да создаде чесен и ефикасен систем на зил во среднорочен период.

Јункер ги критикуваш одлуките за градење огради на границите, вклучително и онаа на македонски-грчката граница, којашто е подигната по одлуката на земјите членки на ЕУ и другите држави по ткн „балканска рута“ да ги затворат своите граници за големиот бран баратели на азил.

„Не го делам мислењето на некои дека оваа ограда (меѓу Македонија и Грција – з.н), или воопшто оградите во Европа, можат да придонесат за нешто во смисла на долгорочно решение на бегалската криза. Оградите можат да ги спречат мигрантите на одат натаму, но никаква ограда и никаков ѕид не се доволно високи да ги одвратат тие луѓе од доаѓањето во Европа кога бегаат од војната и насилствата во нивните земји“, додада Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП