18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќето работници од ЕУ на Островот нема да одговараат на сегашните барања...

Повеќето работници од ЕУ на Островот нема да одговараат на сегашните барања за работна виза

viza 335365

Три четвртини од граѓаните на земјите од Европската унија (ЕУ), кои во моментов работат во Велика Британија, не би одговарале на сегашните визни барања за странски работници од земји надвор од ЕУ, ако Британците одлучат да го напуштат блокот, пишува „Financial Times“.

Овој дел би зголеми до околу 81%, откако во април следната година ќе стапат во сила планираните нови правила, покажува истражувањето спроведено за „Financial Times“ од Опсерваторијата за миграцијата од Оксфордскиот универзитет.

Во одредени сектори влијанието би било уште поголемо – цели 94% од работниците од ЕУ кои во моментот се вработени во хотелите и рестораните на Островот, нема да ги покријат тековните барања, како и 96% од работниците во фарми во земјата.

Во истражувањето се истакнува дека Велика Британија веројатно ќе ги олабави визните барања, ако одлучи да излезе од ЕУ. Според правниците, луѓето кои веќе се во земјата, ќе добијат право да останат.

Меѓутоа истражувањето илустрира пред какви предизвици при наоѓање на вработени ќе се соочат работодавачите при евенутален „Brexit“, ако владата одлучи да ја ограничи имиграцијата од ЕУ, како што инсистираат бранителите на кампањата за излегување од заедницата.

Во други сектори како што се градежништвото, производство, енергијата и транспорт околу три четвртини од работниците од ЕУ нема да имаат право да влезат во земјата, ако треба да ги исполнат сегашните правила за издавање визи за другите странски работници.

Дури банкарскиот и финансискиот сектор би бил засегнат – 66% од вработените во него не ги исполнуваат условите, како тука влегуваат не само менаџери, специјалисти и консултанти, туку и хигиеничари и обезбедување, на пример.

Истражувањето открива дека на Островот има близу 2,2 милиони работници од земји од ЕУ, а тие формираат околу 6,6 отсто од вкупната работна сила. Компаниите во производствениот сектор имаат најголем удел кај странските службеници од ЕУ – малку над 10% од сите 3 милиони работници.

Вкупно 442.000 државјани на ЕУ работат во трговијата на мало, хотелите и рестораните, формирајќи близу 8% од вкупно 5,7 милиони работници во овој сектор. Во банкарскиот и финансискиот сектор вработените од земји од ЕУ се околу 360.000 и се околу 6,8 отсто од сите.

Така истражувањето открива колку тешко би било за британската економија да се раздели со војската од стотици илјади граѓани на ЕУ, кои нашле егзистенција на Островот.

Опсерваторијата за миграција ги користела двата клучни критериуми во државната програма за работни визи за странци од земји надвор од ЕУ, а е направена паралела со актуелната работна сила од ЕУ во Британија. Првиот критериум е работното место да бара високо образование, а вториот е годишната плата да биде над 20.800 фунти. Се разигрува и сценариото и со нов праг од 30 илјади фунти, кој Владата мисли да го воведе за повеќето работници од земји надвор од ЕУ од април 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП