8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Intesa Sanpaolo помал за 24 проценти

Профитот на Intesa Sanpaolo помал за 24 проценти

intesa11

Италијанската банка „Intesa Sanpaolo“ во првиот квартал од оваа година оствари нето профит од 806 милиони евра, што е пад од 24,2 проценти.

Меѓутоа тој резултат за 100 милиони евра ги надмина пазарните очекувања благодарение на намалувањето на лоште кредити.

Пазарните аналитичари прогнозираа нето профит на „Intesa Sanpaolo“ во првиот квартал од 708 милиони евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Оперативната добивка се намали поради намалувањето на приходите од каматите и од надокнадите и провизијата.

Меѓутоа, од „Intesa Sanpaolo“ истакнуваат дека значително го намалиле резервирањето за ризичните кредити и тоа за една четвртина на 694 милиони евра во првите три месеци од 2016 година, во однoс на претходниот квартал, така што износот на тие резервации сега е на најниското ниво од 2011 година.

Во „Intesa Sanpaolo“ очекуваат дека новиот приватен фонд „Atlanta“, основан да им даде поддршка на италијанските банки во решавањето на проблемите со лошите кредити, ќе и олесни уште повеќе за да се намали нивото на ризични кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП