7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија се полошо, стигна до лош рекорд

Австрија се полошо, стигна до лош рекорд

avstrija

Невработеноста во Австрија порасна и во април, по неколку месеци раст и достигна рекордно ниво од 424,697 лица без работно место.

Овој број на невработени лица е пријавен во Сервисот за вработување (AMS), соопшти австриското Министерство за труд и социјални прашања.

Според податоците на министерството, невработеноста во април пораснала за 1,1 проценти, а стапката според националната дефиниција, достигнала 9,1 проценти.

Најголем раст е забележан кај лицата постари од 50 години, каде невработеноста пораснала за 4,6 проценти.

Истовремено е намалена невработеноста кај младите, меѓу 15 и 24 години, и тоа за 3,8 проценти.

Кај мажите невработеноста е намалена за 0,7 проценти, додека кај жените пораснала за 2,1 проценти.

Исто така невработеноста на австриските државјани е намалена за 0,7 проценти, со истовремен пораст кај странските државјани за 3,8 проценти.

Меѓу невработените странци се повеќе лица се со право на азил, чиј број, во споредба со истиот месец пред една година, пораснал за дури 48 проценти.

Што се однесува на економските гранки за 8,8 проценти помалку невработени се забележани во април во градежништвото, како и за 2,9 проценти помалку во производството.

Исто така и во туризмот е намален бројот на невработени за 0,8 проценти, додека во трговијата е забележан раст од 2,4 проценти, а во здравството за 4,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП