12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ предупредува: Ризиците се огромни

ЕУ предупредува: Ризиците се огромни

еу-ризици

Европската унија предупреди дека неизвесноста во поглед на исходот од референдумот за членството на Британија во ЕУ претставува значителен ризик за европската економска перспектива.

„Ризиците поврзани со домашниот развој на ситуацијата во ЕУ остануваат значајни, како што е на пример неизвесноста во поглед на исходот од референдумот за членството на Британија во ЕУ“, се наведува во пролетниот економски извештај на ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес.

И самата економија на Британија, како што се вели, е соочена со ризици.

Британците на 23-ти јуни ќе излезат на референдум на кој ќе се изјаснат дали се за останување во ЕУ или за напуштање.

Како што наведува АФП, Европската унија ги намали проекциите за растот на британската економија, наведувајќи дека нејзиниот „раст ќе забави во 2016-та и 2017-та година“.

За оваа година, ЕУ прогнозира раст на Британија од 2,8 проценти, а за наредната година раст од 1,9 проценти, во однос на проекциите од февруари кога за двете години беше прогнозиран раст од 2,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП