На Македонската берза за хартии од вредност во петокот се тргуваше со 14 хартии, од кои една, на Комерцијална банка, го креираше прометот во последниот ден од трговската седмица.
Со акцијата на Комерцијална Банка беше реализирана една блок трансакција, 1.292 акции по просечна цена 2.230,00 денари, а на редовен пазар се истргуваа уште 1.329 акција. Вкупниот промет со оваа акција изнесуваше 5.8 милиони денари што претставува скоро 77,6 отсто од вкупно реализираниот промет на МСЕ во петокот, кој изнесуваше 7,5 милиони денари.
По објавата на јавниот повик за одржување на генерално собрание на Прилепска пиварница АД, каде меѓу предлог одлуките се наоѓа и предлог одлуката за исплата на дивиденда за 2015 години во бруто износ од 428,50 денари, денеска со акцијата немаше тргување.
Најголем пад на вредноста имаше акцијата на Арцелормиттал ХРМ, коај беше во минус 12,50 отсто, додека во пораст беа пет хартии.
Индексот МБИ10 ја намали вредност за 0,36 проценти, додека индексот на обврзниците ОМБ се корегираше за минимални 0,03 отсто.