27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБА: Политичката криза во земјата негативно влијае врз економијата

ЕБА: Политичката криза во земјата негативно влијае врз економијата

eba-biznis

Одборот на директори на Европската Бизнис Асоцијација на својот редовен состанок ги разгледуваше економските текови во државата и истите констатираа дека политичката криза во земјата негативно влијае врз економијата, деловната клима и условите за функционирање на бизнисите.

Истовремено голем број на членки информираа дека нивните матични компании од ЕУ со загриженост ги следат состојбите во Република Македонија и се оценува дека земјата сѐ повеќе се движи во насока на висока неизвесност и ризичност.

Политичката неизвесност и лимитираното функционирање на институциите предизвикува воздржаност и конзервативно однесување на компаниите и мајките инвеститори, и фокусирање на краткорочни планови за менаџирање на тековните приоритети во работењето. Тоа може да резултира со одлагање или откажување на долгорочните проекти и планови кои би го стимулирале растот на нашите компании и отворањето на нови работни места; воведување на поголеми премии за ризици со што би се намалила конкурентноста на македонската економија, што најверојатно може да доведе и до зголемување на цената на капиталот, намалување на потрошувачката и одливање на капиталот. Од тој аспект одржувањето на предвидлив и стабилен амбиент на стопанисување е клучен фактор за стабилноста на деловните субјекти и нивното непречено функционирање.

Европската Бизнис Асоцијација апелира до сите релевантни учесници во креирањето на политичкиот дијалог и стабилноста во државата, за итно решавање на настанатата ситуација, со цел да се одржи економската стабилност, инвестициите и долгорочниот економски просперитет на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП