29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуромакс Ресоурцес ја поднесе ОВЖС за проектот за бакар и злато „Иловица“

Еуромакс Ресоурцес ја поднесе ОВЖС за проектот за бакар и злато „Иловица“

ilovica

Еуромакс Ресоурцес ја поднесе Оцената на влијанието врз животната средина („ОВЖС“) за проектот за бакар и злато „Иловица“ до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оцената на влијанието врз животната средина претставува проценка на можните влијанија врз животната средина и на социјалните аспекти на проектот „Иловица“ врз локалната заедница и е направена врз основа на неодамна објавената Студија за изводливост за проектот и деталните истражувања на постоечките услови во животната средина и социјалните аспекти, кои започнаа во септември 2013 година.

Поднесувањето на Оцената на влијанието врз животната средина е во целосна согласност со националната регулатива од оваа област и е еден од условите за издавање на Дозвола за експлоатација за проектот „Иловица“. Оцената на влијанието врз животната средина се темели на деталниот проект и основните информации и е базирана на реални податоци и состојби. Еуромакс во 2012 година доби одобрение за Студијата за влијанието врз животната средина.

Нетехничкото резиме е достапно на веб страницата на Министерството за животна срeдина и просторно планирање, а на веб страниците на Еуромакс и на различни физички локации во Македонија ќе биде достапна целокупната Оцена на влијанието врз животната средина. Истовремено, во период од 30 дена, ќе бидат поканети сите засегнати страни на увид и ќе имаат можност за свои коментари и сугестии. Во овој период ќе се одржат средби со засегнатите страни од локалната заедница при што проектот и неговите ефекти ќе им бидат детално објаснети. Заинтересираните страни ќе имаат можност да постават прашања за различни аспекти на проектот. Сите коментари, сугестии и прашања ќе се разгледаат и ќе бидат опфатени во конечната верзија на Оцената на влијанието врз животната средина.

„Завршувањето на работата во однос на постојните услови во животната средина и социјалните аспекти и со тоа и ОВЖС за проектот „Иловица“, врз основа на Студијата за изводливост, покажува дека ќе работиме безбедно и одговорно кон животната средина и социјалните аспекти. Тимот за истражување на животната средина и социјалните аспекти е составен од тим на Еуромакс, локални стручни лица од различните области кои тесно соработуваа со компаниите „Голдер Асоушиејтс“ и „Шламберже Уотер Сервисис“ во насока на усогласување на ОВЖС со националните и меѓународните насоки за одговорност во изградбата и работењето од гледна точка на сите чинители“, рече главниот оперативен директор Патрик Форвард.

Продолжува дополнителна работа на Оцената на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти („ОВЖССА“) како проширување на националната Оцена на влијанието на животната средина продолжува, со цел исполнување на стандардите и барањата за изведба на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и според Екватор принципите. ЕБОР е сопственик на речиси 20% удел во овој проект.

Изградбата на рудникот за бакар и злато во „Иловица“ ќе започне по завршување на сите законски процедури. Според Студијата за изводливост (СИ) животниот век на рудникот ќе изнесува 20 години, додека годишното производство на руда е 10 милиони тони. Просечното годишно наплатливо производство на метал е проценето на 83.000 унци злато и 16.000 тони бакар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП