3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа турската лира и се заканува најголемиот пад

На турската лира и се заканува најголемиот пад

lira-opaga

Турската лира е на пат да го забележи најголемиот неделен пад во однос на доларот во последната година.

Можноста за одржување на нови избори во земјата предизвика страв во поглед на кредитниот рејтинг на Турција, што се одразува и на националната валута.

Лирата денес „падна“ за 0,2 проценти и е на пат оваа недела да заврши во минус од околу 4,3 проценти во однос на доларот, наведува агенцијата Ројтерс.

Индексите на Истанбулската берза опаднале за 0,9 проценти и се на пат да го заблежат најголемиот неделен пад од јуни 2013 година, со загуба на вредноста од околу осум проценти. Истовремено, приносите од 10-годишните државни турски обврзници остануваат на едномесечниот максимум.

Зголемената неизвесност во поглед на Турција, предизвикана од оставката на премиерот Ахмет Давитоглу, доаѓа во услови на слабеење на берзанските индекси на пазарите во развој, со шест последователни денови со пад на азиско-пацифичкиот индекс MSCI.

Турција, како што оценува Ројтерс, поминува низ турбулентна недела, со оглед на тоа што премиерот поднесе оставка, откако се зголемија очекувањата дека американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s“ денес подоцна ќе го намали рејтингот на Турција за еден степен на „неинвестициско ниво“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП