17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија се соочува со казна од 4 млрд евра доколку не ги...

Шпанија се соочува со казна од 4 млрд евра доколку не ги почитува квотите за бегалците

shpanija-migranti

Доколку Шпанија не прифати 16 илјади бегалци од Грција и Италија, како што претходно вети, би можела да биде принудена да плати казна од околу четири милијарди евра, пренесува агенцијата ТАСС.

Во септември минатата година на самитот на земјите-членки на ЕУ шпанските власти ветија дека ќе примат 16 илјади мигранти оваа и следната година, но во моментов земјата прифатила само 18 лица.

Како што претходно истакна првиот потпретседател на Европската комисија (ЕК), Франс Тимерманс, Комисијата предвидува можност за „земјите членки на ЕУ да се откажат од прифаќањето на бегалци, доколку и исплатат 250 илјади евра за секој мигрант на онаа земја што ќе се одлучи да го прифати тој мигрант“.

Шпанската влада тврди дека процесот се одолговлекува поради сложената координација помеѓу различните сектори, а според Мадрид безбедноста е еден од најважните елементи за прашањето околу прифаќањето на бегалци, па затоа се врши детална проверка на мигрантите кои оваа година ќе бидат прифатени во земјата.

Претходно, вршителот на функцијата министер за надворешни работи Хорхе Фернандез Дијаз изјави дека овој месец земјата ќе прифати 200 бегалци, кои во моментов се наоѓаат на територијата на Италија и Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП