17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи паднаа осми ден по ред, на нафтените и валутните пазари...

Азиските берзи паднаа осми ден по ред, на нафтените и валутните пазари мирно

berza azija 355

Денеска на азиските берзи цените на акциите паднаа осми ден по ред, бидејќи инвеститорите се претпазливи пред извештајот за вработеноста во САД, кој вообичаено значително влијае врз насоките на пазарите.

На Токиската берза индексот Nikkei во претпладневното петочно тргување по средноевропско време беше во минус 0,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Сингапур, Јужна Кореја, Хонгконг и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 1,8 отсто.

Поради тоа, MSCI индексот на азискот-пацифичките акции, без јапонските, во петокот претпладнето беше во минус 0,9 отсто, па од почетокот на седмицата е во загуба од 3,3 отсто. Доколку така остане и до крајот на тргувањето во петокот, тоа ќе биде најголемиот седмичен пад на овој индекс во последните 12 седмици.

Лошото расположение на пазарите е и последица од низата седмични податоци кои укажуваат дека растот на глобалната економија забавува.

„Последните податоци од глобалната економија и деловните резултати на најголемите западни компании ги разочараа вложувачите, па спласна наклонетоста кон поризичните инвестиции“, вели Масахиро Ичикава, стратег во компанијата „Mitsui Asset Management“.

Ниту податоците од американската економија не влеваат многу надежи во забрзувањето на растот. Последната седмица се изредија податоците кои укажуваат на слабеењето на позитивните трендови на тамошниот пазар на трудот. А ваквите извештаи се многу важни за пазарот на капиталот, бидејќи извештаите за вработеноста влијаат врз одлуките на челниците на централната банка на САД за монетарната политика.

Лошо на пазарите во петокот претпладнето влијаеше и падот на цените на нафтата. Откако во четвртокот порасна за 0,9 отсто, претпладнево цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 0,6 отсто, на 44,73 долари. На американскиот пазар, пак, барелот поевтини за 0,7 отсто, на 44,01 долар, откако во четвртокот поскапи за 1,2 отсто. Така, од почетокот на седмицава цената на нафтата падна на американскиот пазар за 4,1 а на лондонскиот за 7,1 отсто.

И на валутните пазари во петокот претпладнето е мирно, во очекувањето на извештајот за вработеноста во САД. Курсот на доларот се движи околу 107,10 јени, како и во четвртокот во истиот период од денот, Од почетокот на седмицава американската зајакна во однос јапонската за 0,6 проценти. Во однос на европската, пак, американската валута зајакна па цената на еврото се движеше околу 1.405 долари, додека во четвртокот претпладнето изнесуваше 1,1480 долари.

Од почетокот на седмицата, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута кој шесте главни светски валути, најголеми трговски партнери на САД, порасна од 91,91 поен, најниското ниво во последните 15 месеци, на 93,83 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП