8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската полиција го одбележува 7-ми Мај, Денот на македонската полиција

Македонската полиција го одбележува 7-ми Мај, Денот на македонската полиција

makpolicija 33566

Македонската полиција денес го одбележува 7-ми Мај, Денот на полицијата еден ден порано, бидејќи следува викенд.

Според агендата за одбележување на празникот, во 12 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи централната свеченост на којашто ќе говорат Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанче Савовски и командантот на Единицата за специјални задачи „Тигри“, Славчо Петрушевски која воедно одбележува 35 години јубилеј од нејзиното формирање.

Инаку покрај централната свеченост предвидени се и низа други активности. Во 10 часот во Министерството за внатрешни работи на споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи (пред зграда 1.), министерот Спасовски со претставници на МВР и семејствата на загинатите припадници на МВР положија цвеќе. По положувањето на цвеќе, Спасовски ги прими семејствата на загинатите припадници на МВР.

Покрај ова, делегација на МВР ќе положи цвеќе на споменикот во Базата „Брест“ посветен на загинатите припадници од хеликоптерската несреќа, а ќе биде посетен и споменикот на загинатите бранители во паркот „Жена борец“.

Исто така претставници на МВР традиционално ќе ги посетат децата без родители од Домот за згрижување на деца и младинци „11 Октомври“, Домот за доенчиња и мали деца во Битола и  Дневниот Центар за деца со посебни потреби во Тетово при што на децата ќе им бидат дадени пригодни подароци.

Министерот, Оливер Спасовски денеска им испрати честитка на припадниците на Министерството за внатрешни работи во којашто им се заблагодари за посветеноста и пожртвуваноста во секојдневното ангажирање во справување со кризните состојби.

„Вашата заложба и професионалност која ја покажувате е пример како полицијата треба да биде гарант за безбедноста на сите граѓани на Република Македонија. Од Вас се очекува да бидете на висина на задачата, истрајни и професионални и да постапувате согласно Уставот и законите. Свесни дека во овој момент да бидеш припадник на македонската полиција е тешка и макотрпна задача, Вие останавте на браникот на татковината и покажавте како се чува и сака Република Македонија. Затоа, јас верувам во Вашиот капацитет дека и во иднина ќе истраете во справувањето со безбедносните предизвици борејќи се за добробитта и напредокот на македонското општество и граѓаните на Република Македонија“, се вели во честитката на Министерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП