6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожностите ФЕД да ја зголеми каматната стапка во јуни се отворени

Можностите ФЕД да ја зголеми каматната стапка во јуни се отворени

fedka

Федералните резерви може и да се одлучат да ги зголемат каматните стапки во САД, ако економските податоци го дозволат тоа, изјави претседателот на институцијата во Сент Луис, Џејмс Булард. Во оваа фаза инвеститорите гледаат само мали шанси за зголемување на каматите, забележува „Economic Times“.

За Булард сепак пазарите исто така ќе го променат размислувањето, ако забележат промена во економските податоци.

Во март од Федералните резерви прогнозираа дека оваа година ќе има две зголемувања на каматната стапка во земјата, потсетува „CNBC“. Нивните активности, сепак се многу внимателно разгледани во позадина на намалувањето на глобалната економија и нееднозначните сигнали од САД. Затоа и влоговите на аналитичарите се дека институцијата ќе почека малку пред да ја зголеми каматата.

Булард пак традиционално е приврзаник на зголемувањето на процентите, макар и погледот за развојот на економијата да се колебаат. Во четвртокот, тој коментираше дека „облаците“ кои застанаа резервни да ја зголемат каматата како почнуваат да го одвлекуваат вниманието.

За време на настанот во Санта Барбара Булард коментираше дека финансискиот стрес се намалува, а ефектите од силниот долар почнуваат да слабеат.

Според претседателот на ФЕД во Сан Франсиско, Џон Вилијамс, коментира дека „Brexit“ исто така ќе влијае на одлуката на институцијата за каматата, додава „Ројтерс“. Британците ќе излезат да гласаат на референдум за иднината на земјата во ЕУ на 23-ти јуни, односно недела по седницата на ФЕД.

„Ако има очекувања дека тоа ќе се случи и пазарите реагираат, тогаш треба да ги земеме во предвид и како тоа ќе се одрази на американската економија и перспективите“, рече тој.

Следниот голем индикатор, на кој ФЕД ќе обрне внимание, ќе бидат и податоците за вработеноста во јуни, смета уште „CNBC“.

Агенцијата потсетува дека институцијата која ја игра улогата на централна банка на САД, ја зголеми референтната каматна стапка во декември 2015-та година – за прв пат од децении со нула камата. Следниот состанок на ФЕД ќе се одржи на 14-15 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП