26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCayenne доби платинеста модификација (фото)

Cayenne доби платинеста модификација (фото)

platinum kajen 00

„Porsche“ претстави нова модификација на „Cayenne“, која го добила името „Platinium Edition“. Слична варијанта имаше и кај верзијата на теренецот пред последниот дотерување кое се случи минатата година.

Визуелно „платинестиот“ „Cayenne“ се разликува од стандардниот модел по сјајните црни елементи на каросеријата, 20-инчни бандажи „RS Spyder“ и посебните прагови со името на новата модификација.

platinum kajen 01

Во опремата на новата верзија влегуваат уште би-ксенон фарови со системот „Porsche Dynamic Light“, специјални ретровизори, тонирани задни стакла, асистент при паркирање, засилувач на воланот „Power Steering Plus“, спортски седишта со можност за 8 различни поставувања, кожа и алкантара во кабината, а исто така и мултимедијален комплекс „Porsche Communication Management“.

platinum kajen 02

Сето ова е достапно за потрошувачите во Европа во верзијата со 3.0-литарски дизел турбо „V6“ мотор кој развива 262 КС. Цената на возилото е 74.352 евра.

platinum kajen 03

Во САД ќе се нуди „платинест“ хибриден „Cayenne“, кој се потпира на комбинација на бензински „V6“ агрегат и електромотор, која развива 416 КС. Оваа опција ќе се појави подоцна на Стариот континент, а најверојатно ќе се продава по цена од 90.298 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП