12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија неатрактивна за јапонските инвеститори доколку ја напушти ЕУ

Британија неатрактивна за јапонските инвеститори доколку ја напушти ЕУ

јапонија-ма

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека Британија ќе стане помалку атрактивна за јапонските инвеститори доколку на референдумот гласа за излез од ЕУ.

„Јапонија повеќе сака Британија да остане во составот на Европската унија. Британското членство им е важно и на јапонските инвеститори во Британија“, изјави Абе на конференцијата за новинарите со британскиот премиер Дејвид Камерон, пренесува Ројтерс.

„Многу јапонски компании започна да работат во Британија токму поради тоа што Британија е порта за влез во Унијата“, додаде тој.

Гласот за излезот од ЕУ, според неговите мислења, ќе ја направи Британија помалку привлечна дестинација за јапонските инвестиции.

Абе наведе и податоци дека во Британија работат окоу 1.000 јапонски компании, кои вработуваат 140.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП