19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит внимателно пред извештајот за вработеноста во САД

На Волстрит внимателно пред извештајот за вработеноста во САД

volstrit (1)

На Волстрит во четвртокот индексите останаа речиси непроменети, бидејќи вложувачите се претпазливи пред објавувањето на извештајот за вработеноста во САД, што вообичаено влијае врз насоките на пазарите.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,05 отсто, на 17.660 поени, додека индексот S&P 500 падна за 0,02 проценти, на 2.050 поени, а, пак, Nasdaq индексот се лизна за 0,18 отсто, на 4.717 индексни поени,

Претпазливоста на инвеститорите е последица на послабите од очекуваните показатели од американскиот пазар на трудот. Во четвртокот беше објавено дека бројот на барања за помош на невработените минатата седмица пораснал повеќе отколку што се очекуваше. А бидејќи ден претходно ADP, најголемата американска компанија за вработување, извести дека во април во приватниот сектор биле отворени најмалку нови работни места во последните три години, инвеститорите стравуваат дека и владиниот извештај за вработувањето, кој треба да биде објавен во петокот, ќе биде послаб отколку процените на аналитичарите.

„Растот на невработеноста на седмично ниво е поголем отколку штос е очекуваше, а кога на тоа ќе му се придодаде и извештајот на ADP, тоа ја отвора можноста дека извештајот за вработеноста во петокот ќе биде слаб“, вело Мајкл Шелдон, директор во компанијата „Northstar Wealth Partners“.

Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека во април во САД бројот на новите работни места е зголемен за 202.000, по 2105.000 еден месец претходно.

Овој извештај е извонредно важен за пазарот на капиталот, бидејќи најмногу влијае вез одлуките на челниците на американската централна банка за монетарната политика. Слабите показатели од пазарот на трудот би можеле да значат дека Federal Reserve (Fed) сигурно нема да ги зголеми каматите пред летото, бидејќи растот на најголемата светска економија забавува, додека подобрите податоците од очекуваните ќе го остават отворено прашањето за зголемување на каматите, велат аналитичарите.

Поради можното слабеење на позитивните трендови на пазарот на трудот, што би го навестило и слабеењето на потрошувачката на Американците, во четвртокот под притисок се најдоа и акциите во трговскиот и во секторот производство на стоки за широка потрошувачка. Од друга страна, пак, пораснаа цените на акциите во енергетскиот сектор, благодарејќи на растот на цените на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП