29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со Макпетрол АД Скопје

Блок трансакција со Макпетрол АД Скопје

mak berza

Благодарение на блок трансакцијата со акцијата на Макпетрол АД Скопје и прометот направен со акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје, вкупниот промет на МСЕ во четвртокот изнесуваше 15,4 милиони денари, што е над просечниот дневен износ на тргување.

Блок трансакцијата беше реализирана со 309 акции по просечна цена од 17.218,00 денари од акција а дополнителни 346 акции беа тргувани на регуларниот пазар. Врендоста на акцијата се намали за 0.46 отсто.

Акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје се истргува во количина од 1.971 акции по просечна цена од 2.200,00 денари.

Во фокус на интерес беа и акциите на Алкалоид АД Скопје и НЛБ Тутунска Банка АД Скопје со кои беше остварен промет над два и над милион денари, поединечно.

Индексот МБИ10 минимално ја зголеми својата вредност за 0,03 отсто, додека индексот на обврзниците ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП