3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД во април отворени најмалку работни места во последните три години

Во САД во април отворени најмалку работни места во последните три години

сад-америка-работни-места

Американските работодавци во април отвориле најмалку работни места во последните три години.

Тоа, како што оценува агенцијата АП, би можело да биде сигнал дека побавниот економски раст и колебливиот пазар му штетат на вработувањето.

Според податоците на приватната агенција за вработување ADP, во американскиот приватен сектор во април се отворени 156.000 нови работи места, што е пад во однос на 194.000 од март, пренесува агенцијата АП.

Во преработувачкиот сектор се укинати 11.000 работни места, по отпушањето на 3.000 работници во март.

Компаниите во услужниот сектор во април отвориле 166.000 работни места, што е помалку за 189.000 од март.

Овие податоци на ADP, со кои е покриен само приватниот сектор, се објавени два дена во пресрет на официјалниот извештај за вработувањето на американската влада.

Економистите прогнозираат дека во април се отворени 200.000 работни места, а дека стапката на невработеност е задржана на пет проценти, наведува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП