2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото може да поскапе до 1.500 долари

Златото може да поскапе до 1.500 долари

zlato 3995

Златото забележа извонреден раст од почетокот на годината, но според некои експерти доброто претставување на благородните метали, допрва почнува.

„Сметам дека се уште сме во „бикот пазар““, коментира Денис Гартман, автор на изданието „The Gartman Letter“, пред финансиското издание „CNBC“.

Гартман прогнозира понатамошно зголемување на златото со помеѓу 10 и 15% од тековните нивоа, или кажано на друг начин зголемување до околу 1.500 долари за унца. Жолтиот метал се зголеми моментално над психолошката граница од 1.300 долари за унца во понеделникот, но не успеа да се задржи над неа. И иако златото се намали под 1.300 долари, според Гартман, фундаменталните фактори стојат зад растот се уште да е во сила. Главниот од нив е олеснувањата на монетарната политика на централните банки во светот.

„Сметам дека централните банки во светот, со исклучок на ФЕД ќе продолжат со грешката на олесната политика“, прогнозира Гартман.

Овие политики ги прават локалните валути помалку вредни и потенцијално ги тераат инвеститорите во поголема мера кон златото, во потрага по вредност. Покрај ниските камати, ти  го прават златото релативно подобра и привлечна инвестициска алтернатива за заштеди на луѓето ширум светот.

Поради овие причини, Гартман е убеден дека „мечкиниот пазар“ за златото официјално е завршен, иако металот се уште е со 33% под максимумот од 2011-та година.

„Обично луѓето мислат дека „бикот пазар“ кај акциите асоцира со слабост кај златото, но тоа не е задолжително точно. Ако се набљудува олесната политика од страна на банките, може да постои поскапување и кај акциите и кај златото“, заклучува Гартман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП