26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенови на филигранството во Скопје

Денови на филигранството во Скопје

filigranstvo 3656

Занаетчиската комора Скопје во соработка со Скопје Сити Мол најавуваат „Денови на филигранство“, од 6 до 8 мај, каде ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает кој претставува дел од македонската традиција.

Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.

На „Деновите на филигранството“ ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полудраги и драги камења, оргонит.

Свеченото отварање ќе се одржи во петок во 13 часот во Скопје Сити Мол, каде свое обраќање ќе има претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Никола Петров.

Целта на настанот e на едно место да се презентира уметноста, креативноста, дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците кои ја испреплеле традицијата, културата на живеење со современото и модерно живеење и создале нешто единствено и вредно. Филигранскиот накит претставува уникатен и прекрасен украсен објект кој го одзема здивот и е вистинска скапоцена глетка.

Во склоп на тридневниот настан, „Деновите на филигранството“, заинтерeсираните посетители ќе имаат ексклузивна можност на лице место да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает.

Оваа промоција е прекрасен начин да се сочува традицијата и културата споена со модниот дизајн. За да се искуси моќта на било кое занаетчиство, и за да се допре, види, и почуствува дизајнот, мора занаетот да му даде постоење, изведба и реализација на дизајнот, па токму и затоа тие неможат еден без друг.

Со тек на времето се губат традиционалните културни вредности меѓу кои се вбројува и филигранот, но бидејќи од минатото неможе да се живее, потребно е насочување и фокусирање кон иднината, за да се спојат со современото живеење и за да се создадат и искреираат нови вредни и уникатни производи кои ќе влезат во креативната индустрија во земјата, но и во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП