1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоин забележа рекордна вредност

Биткоин забележа рекордна вредност

bitkoin1

Вредноста на виртуелната валута биткоин на почетокот на април, под влијание на кипарската криза, достигна рекордна вредност од 147 долари.

Се проценува дека поради кипарската криза и зголемената недоверба во банкарскиот систем, обемот на трговијата со биткоин наскоро би можел да достигне 1,4 милијарди долари, пишува лондонскиот „Гардијан“.

Во оптек е биткоин во противредност од речиси 300 милиони долари.

Биткоинот е осмислен од страна на јапонецот Сатоши Накамото во 2009 година, иако аналитичарите веруваат дека тој потекнува од компјутерското подземје со цел да го сруши целиот денешен финансиски систем.

„Идејата за парите да ги создаваат и контролираат сите – наместо елитните централни банкари, ја направи оваа валута популарна кај луѓето од целиот свет“, објаснува водечкиот програмер на биткоин проектот од Амхерст, Масачусетс, Гавин Андерсен, кој вели дека никогаш не го сретнал оригиналниот програмер на биткоин, ниту знае нешто за него, бидејќи тој, наводно, веќе долго време не е активен во оваа приказна.

Вредноста на биткоин на берзата изнесува милијарда долари, без оглед на огромната опасност од инвестирање во оваа различна валута. Се проценува дека вредноста на биткоин во оптек до 2020 година ќе биде околу 21 милијарда долари.

Биткоинот го споредуваат со златото, бидејќи неговата вредност се одредува со побарувачката, а количината е ограничена, бидејќи колку повеќе ваквата валута е присутна на пазарот, толку тешко е да се создадат нови, а тие се создаваат со математички операции во „блокови“.

Секои 10 минути може да се направи еден блок од 25 биткоини.

Блокот настанува кога ќе се пронајдат низа на податоци, на кои кога ќе се примени одреден алгоритам, тие сочинуваат една точно одредена шема.

Биткоинот е независен од централните банки, владите и финансискиот естаблишмент, поради што неговата вредност вртоглаво расте со појавата на финансиската криза.

Интересот за неговото купување преку интернет расте, а неговиот откуп се обавува во готовина, преку картички и преку Пејпал.

Валутата биткоин се троши преку страниците кои ја примаат и признаваат како валута, а со биткоин може да купите се што сакате.

Биткоин има вредност само затоа што луѓето доброволно го прифатија како средство за плаќање на услуги и стоки, така што одговорноста е на самите корисници кои мораат да имаат на ум дека колку повеќе биткоини има во оптек, толку повеќе се отвара маневарски простор за криминални трансакции и перење пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП