5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПожарите во Канада и тензиите во Либија ги кренаа цените на нафтата

Пожарите во Канада и тензиите во Либија ги кренаа цените на нафтата

nafta ee88

Цените на нафтата пораснаа во четврток на меѓународните берзи, бидејќи пожарите во Канада и ескалацијата на тензиите во Либија ја зголемија загриженоста на инвеститорите во врска со снабдувањата во краткорочна перспектива.

На лондонската берза цената порасна 1,11 американски долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 45,73 долари. На американската берза барелот се тргуваше по 1,36 долари повисока цена, од 45,14 долари.

„Разликата во однос на пазарната состојба пред една година се огледа во тоа што во цените почнуваат да се вкалкулираат и прекините во снабдувањето“, оценува Оливер Џејкоб од компанијата Petromatrix.

Во Канада заради пожарите се евакуирани сите жители на Форт МекМари. Некои нафтоводи во покраината Алберта се затворени, додека испораките од одделни постројки се намалени, иако сѐ уште не е утврдено точно колку.

Од инвестициската компанија ETF Securities е наведено дека заради непланираните застои на снабдувањето од членките на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК), вклучувајќи ја и Либија, производството е намалено за повеќе од два милиона барела дневно.

Либиското производство би можело и дополнително да биде намалено заради тензиите меѓу политичките фракции на истокот и западот на земјата.

Американското производство и натаму опаѓа, а новите официјални податоци покажуваат намалување за повеќе од осум отсто од средината на минатата година, на 8,83 милиони барели дневно.

ОПЕК во четврток не објави цена на својата референтна кошничка на неговата нафта заради верските празници во Австрија и Германија. Во вторникот изнесуваше 41,02 долари и беше 1,45 долари пониска од почетокот на неделата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП