22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот на недвижности во Швајцарија се уште не се ослободил од ризиците

Пазарот на недвижности во Швајцарија се уште не се ослободил од ризиците

imott 66

Пазарот на недвижности во Швајцарија уште не излегол од најризичните зони, според индексот на најголемата швајцарска банка „UBS“, пишува „Bloomberg“.

Сепак пазарот полека се насочува кон позитивна промена. Индексот на финансиската институција, кој го предвиде ризикот од пукање на „балонот“ на пазарот на недвижности во земјата, предвиде прв пад по две години во првиот квартал до 1,38 поени од 1,41 поени, колку што беше на крајот на 2015-та година.

Падот банката го објаснува со стагнацијата кај цените на слабата побарувачка на инвестициски имот и забавувањето на растот на кредитирањето.

Послабиот раст на приходите исто така го спречува значително зголемувањето на надворешната нерамнотежа, се наведува во извештајот на банката.

Падот на наемите и зголемувањето на слободните живеалишта дополнително вршат притисок врз пазарот, бидејќи ги претвораат инвестициските имоти во прилично неатрактивна опција. Затоа и барањата за купување на имот со цел изнајмување драстично се намалуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП