3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на храната на глобално ниво се искачија до четиримесечен врв

Цените на храната на глобално ниво се искачија до четиримесечен врв

hrani333

Цените на храната на глобално ниво продолжиле да се зголемуваат во текот на април, откако стравувањата за неповолни климатски услови во различни региони од Малезија до Аргентина предизвикаа драстичен скок на цените на растителните масла, пишува „Bloomberg“.

Глобалниот индекс на Организацијата за храна и земјоделство на ОН за цените на храната се зголеми за околу 0,7% минатиот месец до 151,8 поени, што е трето по ред зголемување и највисоко ниво од декември. Индексот следи 73 цени на различни прехранбени производи од целиот свет. Последните покачувања се означени како промена во трендот на индексот, кој одеше надолу низ поголемиот дел од последните две години.

Цените на палмино масло се зголемиле во последните месеци, откако сувото време ги влоши изгледите пред екстракција во Индонезија и Малезија, двата најголеми производители.

Цените на сојата исто така растат во последно време, откако поројните дождови и поплави ја погодија жетвата во Аргентина.

Цените на растителните масла на глобален план се зголемени за 4,1% во април до највисокото ниво од 2014-та година, предвиде Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Цените на житото исто се зголемија во април, додека оние на млечните производи и шеќерот се намалиле, покажуваат податоците. Цените на пченката и пченицата на пазар на стоки во Чикаго се поддржани во минатиот месец од поскапувањето на сојата и сувото време во Бразил, кое ги загрози посевите.

Сепак изгледите пред глобалните залихи на жито се подобруваат во позадина на поволните климатски услови во Европската унија, Русија и Украина. Организацијата за храна и земјоделство ја зголеми прогнозата за светскиот принос на пченица во 2016-та година за 0,6% во однос на оценката од минатиот месец до 717 милиони кубни тони. Тоа сепак би било за околу 2,2% под рекордниот принос од претходната година.

Вкупниот принос се очекува да достигне 2,526 милијарди тони – слично ниво со тоа од претходната сезона. Производството на соја се прогнозира да падне до 317 милиони тони, со скоро 5 милиони тони помалку од претходните пресметки, поради неповолните временски услови во Јужна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП