17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен обемот на стоковната размена со странство

Зголемен обемот на стоковната размена со странство

uvoz izvoz 200

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 60 649 158 илјади денари и бележи пораст од 5.9% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 83 654 958 илјади денари што е за 3.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 23 005 800 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-март 2016, изнесува 72.5% .

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-март 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Обем на размената, I-III 2016 Покриеност на увозот со извоз
144 304 116 илјади денари 72.5 %
2 339 348 илјади евра 72.5 %
2 583 799 илјади САД долари 72.5 %

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 983 165 илјади евра, и бележи пораст од 5.7% во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 356 183 илјади евра, што е за 3.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 373 018
илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 1 086 103 илјади САД долари, и бележи пораст од 4.3% во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 497 696 илјади САД долари, што е за 2.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 411 593 илјади САД
долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП