19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНепроменети цените на угостителските услуги во април

Непроменети цените на угостителските услуги во април

ugostitelstvo

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2016 година, во споредба со март 2016 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година остана на исто ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП