3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Инфлацијата нема да се врати наскоро кон целните нивоа

ЕЦБ: Инфлацијата нема да се врати наскоро кон целните нивоа

ek 4777

Инфлацијата во еврозоната нема да се врати наскоро кон целните нивоа, прогнозира Европската централна банка (ЕЦБ) во својот последен економски билтен.

Ваутната унија падна во дефлација во април и банката забележува дека повеќето мерки на динамиката во потрошувачките цени не покажуваат јасен знак дека се насочуваат во нагорна насока.

Покрај тоа основната инфлација, која ги исклучува колебливите цени на прехранбените производи и енергетиката останува под 1%.

„Ова покажува дека главните фактори за инфлација не се интензитетот за зголемувања од минатото лето“, пишуваат економистите.

Медиумите потсетуваат дека ЕЦБ веќе 14 месеци применува невидена програма за квантитативни олеснувања, чиј обем беше проширен од 60 до 80 милијарди евра месечно во март. Првично мерките го заслабнаа еврото, но од почетокот на годината единствената валута почна да поскапува.

„Посилното евро се спротивстави на притисокот во нагорна насока, кое произлегува од неговото рано поскапување“, пишува во извештајот. Ова дополнително ја ограничува ЕЦБ во нејзините напори да ја доведе инфлацијата близу до целното ниво од 2%.

Претходно оваа недела Европската комисија ја намали прогнозата за инфлацијата во 2016-та година од 0,5 до 0,2%.

Пазарните очекувања за инфлацијата исто така не даваат надеж за наскоро подобрување и тоа до одреден степен се должи на фактот дека пазарните учесници не сакаат да поседуваат финансиски инструменти, врзани со растот на потрошувачките цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП