26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар продолжува со проектот „Цел Центар на точак“

Општина Центар продолжува со проектот „Цел Центар на точак“

velosiped-centar

Општина Центар продолжува со реализацијата на проектот „Цел Центар на точак“, а  жителите на Центар можат да се пријават и за секој купен велосипед, да добијат субвенција.

Општина Центар за 2016 година издвои 2.800.000 денари и како и минатите две години, ќе субвенционира 30 отсто од вредноста на секој нов купен велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

„Секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, треба да достави копија од лична карта со која потврдува дека е жител на општината, фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед и копија од трансакциска сметка“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Досега, преку истиот проект во 2014 и 2015 година се исплатени субвенции за купени нови 1.867 велосипеди. Дека интересот на граѓаните е голем, покажува и податокот дека денеска, на првиот ден на почеткот на проектот „Цел Центар на точак“ се поднесени 14 барања за субвеции на нов велосипед. Градоначалникот потсети дека важат барањата за велосипеди кои се купени од денешниот ден.

Жерновски најави уште еден проект кој се однесува на подобрување на велосипедската инфраструктура во општината.

„Свесни сме дека само финансиска поддршка за нови велосипеди не е доволна и дека инфраструктурата е голем проблем. По сугестии на граѓаните започнавме со реализација на темелна студија за лоцирање на проблемите во рутите и движењето на велосипедистите на територија на општината. Проектот го изработуваме во соработка со професори од Архитектонскиот факултет во кој преку следење на движењата на велосипедистите  преку мобилна апликација прецизно ќе се утврдат најзначајните рути и за нив ќе се изработи план за реконструкција на постоечката или поставувања на нова велосипедска инфраструктура. Веќе е спроведено онлајн истражување со 800 корисници на велосипеди кои со нас ги споделија нивните мислења и сугестии како и каде треба да се подобрат условите за движење“, рече Жерновски.

Центар, преку научна студија ќе ја дизајнира велосипедската инфраструктура на својата територија. Студијата покажа дека 96,7  отсто од корисниците на велосипеди минуваат низ општина Центар. Затоа Општина Центар ќе работи на создавање нова и подобрување на постојната инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП