14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на гладни во Европа намален за 40% од 1990-та

Бројот на гладни во Европа намален за 40% од 1990-та

68213476457245a68c77be155450112_w640

Вкупниот број на гладни луѓе во Европа и централна Азија, во смисла на внесот на калориска (енергетска) вредност, е намален за најмалку 40% од 1990-та година.

„И покрај позитивниот тренд во поглед на безбедноста на храната, други облици на неисхранетост сеуште постојат и продолжуваат да бидат проблем, погодувајќи ги сите народи во овој разновиден регион“, изјави генералниот директор на ФАО, Хозе Грацијано да Силва на отворањето на нивната регионална конференција за Европа.

Да Силва изјави дека во 48 од 53 држави во регионот ширум Европа и централна Азија, вкупна прекумерна тежина и распространетоста на дебелината кај популацијата на возрасни лица надминува 55 проценти, додека релативно високата стапка на заостанувањето на развојот и понатка се забележува кај децата на Кавказ и во централна Азија.

Добра вест е, како што нагласи, дека многу влади во регионот веќе започнале да преземаат чекори околу количината на храната, настојувајќи да ги трансформираат прехрамбените системи со цел унапредување на квалитетот на храна и исхраната кај луѓето.

Укажувајќи на фактот дека огромен број на сиромашни и неисхранети луѓе живеат на село, генералниот директор на ФАО порача дека поттикнувањето на развојот на динамичните рурални економии мора да остане во центар на развојните напори.

ФАО од таа причина покрена две приоритетни регионални иницијатици, од кои првата е фокусирана на зајакнувањето на малите земјоделски и семејни фарми, со цел унапредување на нивните средства за живот и зголемување на нивната отпорност на катастрофи и климатски промени.

Целта на втората регионална иницијатива е унапредување на земјоделското опкружување и тоа на начин кој може да помогне во ширењето на бизнисот на мали и средни земјоделски претпријатија.

ФАО оваа регионална конференција ја одржува секоја втора година, собирајќи 53 делегати од 53 држави членки и челенови на организацијата на Европската унија.

На конференцијата, на која се одредуваат реионалните приоритети за храна ви земјоделство, се присутни и бројни организации набљудувачи кои го претставуваат цивилното општество и приватниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП