28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците овој пат одлучни: Нема да се согласиме со мерките на ММФ

Грците овој пат одлучни: Нема да се согласиме со мерките на ММФ

1951705969571a34174e82c307741536_w640

Официјална Атина нема да ги одобри вонредните мерки за штедење кои ММФ ги бара во случај Грција да не ги исполни буџетските цели предвидени со пакетот помош.

Тоа го изјави грчкиот заменик министер за одбрана Димитрис Викас.

Тој, за приватната грчка телевизија Антена, изјави дека вонредното намалување на потрошувачката не може да биде одобрено според грчкиот закон, што, како што оцени, ќе ја поткопа меѓународната доверба во Атина, пренесува агенцијата АП.

Несогласувањата меѓу грчките власти, ММФ и кредиторите од еврозоната, како што наведува AP, се причина за повеќемесечното одложување на деблокирањето на исплатата на наредната транша помош за Атина.

Турција се обврза на нова рунда мерки за штедење и достигнување на висок буџетски дефицит со цел да се избори со националниот долг кој оваа година би требало да достигне 183 проценти од бруто домашниот производ (БДП), наведува американската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП