21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ваков резултат не виделе во овој век

САД ваков резултат не виделе во овој век

sad-presmetka-ekonomija-amerika

Американскиот надворешно-трговски дефицит во март бил најнизок во последните 16 месеци бидејќи увозот паднал на најниското ниво од рецесијата пред седум години.

Американското Министерство за трговија соопшти дека трговскиот дефицит во март паднал на 40,4 милијарди долари, што е за 13,9 проценти помалку отколку во февруари.

Извозот опаднал за 0,9 проценти на 176,6 милијарди, додека увозот паднал за 3,6 проценти на 217,1 милијарди долари. Тоа е процентуално најголем пад од февруари 2009 година.

Надворешната трговија е една од големите теми во компаниите пред американските претседателски избори. Фаворит за републиканската претседателска номинација Доналд Трамп вети дека ќе воведе казни за Кина и Мексико поради наводните нечесни маневри во трговијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП