29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Расте уделот на обврзниците со негативен принос

График на денот: Расте уделот на обврзниците со негативен принос

obvr3

Воведувањето на негативни каматни стапки од институции како Европската централна банка и Јапонската централна банка има силно влијание врз пазарите на обврзници.

Значителен дел од обврзниците веќе се тргуваат со негативни камати поради оваа политика на централните банки, купувањата на средства, постојаните стравувања од дефлација, несигурните економски прогнози и зголемените нивоа за бегство од ризикот.

Аналитичарите на „Bank of America-Merrill Lynch“ ја сумираа ситуацијата на пазарот во график, која е доста елоквентна, пишува „Business Insider“.

Глобален удел на обврзниците со негативен принос:

obvrs 3

Графиконот открива дел на глобалниот долг со фиксен принос, кој во моментов се тргува со позитивен принос, и овој на обврзниците со принос под нулата.

Според пресметките на „Bank of America-Merrill Lynch“, 23% од обврзниците на глобално ниво имаат принос под 0% во моментов, што е значително зголемување во однос на делот од 13% на почетокот на годината.

Врз основа на горниот графикон тоа е еднакво на обврзници во вредност од околу 9 илјади милијарди долари, кои во моментов се тргуваат со негативен принос – вредност која може да се зголеми уште повеќе, ако сегашниот тренд се задржи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП