18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбврзниците во фокус на инвеститоритe на Македонска берза

Обврзниците во фокус на инвеститоритe на Македонска берза

berza-berza-merza

По подолг временски период, на прво место по остварен промет на Македонската берза во средата се позиционираше обврзницата од 14-та емисија.

Со РМДЕН14 беше остварен промет од 1,1 милиони денари преку 20.104 истргувани лотови. Вредноста на обврзницата порасна за 0,97 отсто.

Со останатите хартии од вредност беше тргувано во помали количини, а нивниот промет не беше повисок од 600 илјади денари поединечно. Најтргувани беа акциите на Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка.

Денеска немаше тргување со акцијата на Македонски Телеком АД Скопје, по објавување на кварталните неревидирани финансиски извештаи, во кои според податоците, остврената добивка за првите три месеци од 2016 година изнесува 250,4 милиони денари. Споредено си истиот период минатата година добивката изнесувала 302,5 милиони денари.

Остварениот промет вчера беше сличен како и вчера, околу 3,1 милиони денари преку 31 трансакција. Индексот МБИ10 ја зголеми својата вредност за 0,12 отсто, додека индексот на обврзниците ОМБ порасна за 0,29 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП