19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкнотата од 500 евра заминува во историјата?

Банкнотата од 500 евра заминува во историјата?

500eur

Европската централна банка (ECB) треба да одлучи дали банкнотата од 500 евра, која често се поврзува со перењето пари, црниот пазар и финансирањето на терористите, ќе остане во оптек.

Како што пишува The Wall Street Journal, според очекувањата на аналитичарите управата на ECB ќе гласа за прекин на печатењето на банкнотата од 500 евра, заради распространетото мислење дека пред сѐ ја користат криминалците за префрлање на поголеми суми на пари во различни делови на светот, без знаење на властите.

„Таквите банкноти се омилен механизам на плаќање за оние што се занимаваат со незаконски активности, со оглед на релативната леснотија со која можат да се транспортираат и префрлат“, наведено е во неодамна објавената студија на Харвард.

Речиси 30 отсто од преку 1.000 милијарди евра готовина во оптек, минатата година биле во апоени од 500 евра, покажаа неодамна објавените податоци на ECB.

Банкнотата од 500 евра е една од највредните во светот, со вредност која во моментот е повеќе од пет пати поголема од најголемата американска банкнота во оптек од 100 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП