16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Илинден ќе се гради откупно-дистрибутивен центар

Во Илинден ќе се гради откупно-дистрибутивен центар

ilindenparceli

Општина Илинден ќе добие откупно-дистрибутивен центар, лоциран во индустриската зона во оваа општина.

Во тек е објава за електронско јавно наддавање на две парцели на кои треба да се изгради откупно-дистрибутивен центар. Површината на поголемата градежна парцела е 87.065 м2 и за неа почетната цена за јавно наддавање изнесува 61 денари, додека за втората парцела со површина од 19.334 м2 почетната цена изнесува 148 денари за метар квадратен.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават пријава за учество во јавно надавање, која треба да се достави до 13 мај 2013 година на адресата на Општина Илинден. Јавното наддавање ќе се оддржи на 17 мај 2013 година по електронски пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП