16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатно запишување на правата на сопственост во 29 катастарски општини

Бесплатно запишување на правата на сопственост во 29 катастарски општини

katastari 333

Во 29 нови катастарски општини оваа година ќе се врши бесплатно запишување на правата на сопственост.

„Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани и правни лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата, да поднесат  барање, односно пријава до одделението на катастарот каде што се наоѓа нивната недвижност и кон истата да ја приложат целокупната документација со која располагаат за да го докажат првото на сопственост (пресуди, договори, акти на државни органи, наследни решенија, поседовни листови и сл), по што катастарот ќе изврши бесплатно запишување на правата на сопственост“, рече директорот на Катастарот Славчо Трпески.

Тој додаде дека во Република Македонија има вкупно 4.047.000 катастарски парцели и заклучно со денес 9,9% од вкупниот број на парцели сѐ уште се со неутврдени права на сопственост.

Според него, стратешка цел на Агенцијата за катастар на недвижности е секоја катастарска парцела во Република Македонија да биде со утврдени права на сопственост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП